Како што откриваат медиумите во Србија,во битката за титулата во тамошната Суперлига која е во самиот финиш се ставаат на располагање сите дозволени и недозволени средства. Ц. Звезда има бодовна предност пред одигрување на последните кола. Па токму затоа раководството на Партизан се одлучило да радикален потег. Имено “црно – белите“, според пишувањето на српски „“Курир“, нудат премија на секој клуб во висина од 150.000 евра за да ја победи Ц. Звезда. Инаку се напоменува дека со вакво премирање на клубовите кои треба да играат против вечниот ривал, прво почнала Ц. Звезда и тоа со 50.000 евра за секој тим кој што успеал да му „откине“ два бода, односно да не загуби од Партизан. И тоа во неколку наврати се случи во оваа пролетна полусезона.