Вардар со убедлив триумф пред дербито во Битола

87

Вардар 1961 како победник излезе од пресметката со Охрид, на гостински терен славеше со 21-28 (11-16). Актуелниот македонски првак се загреваше за дерби дуелот со Е.Пелистер закажан за 1 мај во Битола, кој ќе го даде името на победникот.

Моралес со седум гола беше прв стрелец, пет погодоци запиша Талески. Кај Охрид Кривокапиќ имаше шест гола.

Домашниот тим поведе со 4-2, по последните 5-4, Вардар со серија од 1-4 поведе со 6-8. Избраниците на Давид Дејвис не застанаа со нови 2-7 на одморот заминаа со предност од пет гола (11-16).

Оваа предност како да ги опушти ракометарите на Вардар, па Охрид дојде на минус еден (18-19), не искористи напад за израмнување, на другата страна Моралес го разбуди својот тим, со три гола во низа Вардар дојде на плус четири (18-22).

Охриѓани и покрај одбрата игра сепак не успеаја да приредат изненадување. Давид Дејвис и на оваа средба не сметаше на Дибиров, а ги немаше Тото и Кевин Њокас, поради ограничениот број на странци за настап во домашниот шампионат.

ПретходноОдлична партија на Магдевски во последниот меч оваа сезона
СледноШкупи своите мечеви во Европа ќе ги игра на Чаир!?