Дефинитивно денешните мечеви од домашниот шампионат понудија неизвесни завршници. И во плеј-аут лигата имињата на победниците се решаваа на самиот крај. А среќата беше на страната на Куманово и на Кожув.
Екипата на Куманово славеше против Академија ФМП со 88-84 во меч со бројни пресврти, а гостите од Скопје на крајот го запишаа третиот пораз во низа во овој дел од сезоната, по бројните промени никако не успеаваат да дојдат до триумф. Засега и по едно вакво сценарио се лидери во оваа конкуренција.
На нецела минута до крајот, Академија имаше два поени предност од 82-84. Марјановиќ, Николиќ и Зивчевиќ се погрижија бодовите да останат дома.
Токму Зивчевиќ беше прв стрелец со 27 поени и 6 скока, два поени помалку запиша Јузбашиќ, кај гостите Тодоровски имаше 21 поен.
МЗТ Скопје 2 испушти шанса да дојде до триумф против Кожув на гости, кој пак дојде до триумф од 102-96. Домаќинот со серија од 9-0 во финишот успеа да приреди пресврт, поведе со 94-91, а потоа без проблем го приведе мечот.
Унрух со 27 поени беше прв стрелец кај Кожув, ДеКардо запиша 21. На другата страна Митевски запиша 19 поени, еден помалку имаше Андоновски.