На Енфилд вечерва играат Ливерпул и Виљареал во полуфиналето од Лигата на шампионите. Очекувано „Црвените“ доминираат на натпреварот, Виљареал фокусиран на дефанзивниот ред и чека брза контра.
Четата на Јирген Клоп имаше неколку шанси за гол, пред се тоа беа удари од далечина, а Хендерсон во финишот на првото полувреме ја погоди стативата. Претходно не успеаа Мане, Салах, Луис Диас…
Мечот има интензитет, но е далеку од она голгетерско шоу синоќа на „Етихад“ помеѓу Сити и Реал Мадрид.