ФИФА го суспендираше Партизан, забрана за трансфери до 2024 година!

680

Лоши вести за белградски Партизан, еден од најголемите клубови на овие простори. Имено како што пренесуваат српските медиуми, ФИФА го суспендираше Партизан и му збарани да прави трансфери се до 2024 година.

Причината е поради неисплаќање на долговите на клубот кон одредени играчи и клубови, пред се кон Лугано за трансферот на Филип Холендер.

Има тука долгови и кон одредени играчи, но ако Партизан исплати дел од средствата што го должи автоматски казната се укинува.

Да се потсетиме дека слична ваква казна пред извесно време доби и нашиот најтрофеен клуб, Вардар. И вардарци беа казнети со забрана за трансфери во неколку преодни рокови.

ПретходноПролет фуриозно низ Радовиш
СледноРангник веќе си договорил нова работа, станува селектор на Австрија