Бејтулаи: Сега секој меч е многу важен, очекувам Шкендија да го победи Работнички

164

Откако и официјално Шкендија ја загуби титулата, сега сите во таборот на тетовци се мобилизирани во една цел, а таа е по секоја цена да се излезе во Европа. Да се избори пласман во квалификациите за Лигата на Конференции.

А за тоа да се случи Шкендија денеска, во меч од 30.коло во ПМФЛ, кој се игра под Шара, ќе треба да го победи Работнички.

“Се ближи крајот на сезоната,сега секој меч е многу важен. Распоредот е згуснат, веќе во среда не очекува уште еден натпревар, па следниот викенд. Денеска играме со Работнички, и јас очекувам Шкендија да победи, да ги освои трите бода.Максимално сме мотивирани, знаеме што се бара од нас“ вели Егзон Бејтулаи, дефанзивецот на Шкендија.

Инаку тетовци на последниот меч во Скопје против Работнички беа поразени со 2:1. Тоа ќе им биде уште еден мотив плус за триумф денеска против “романтичарите“.

ПретходноБорис Бекер се онесвестил, чуварите го изнеле надвор!
СледноСтоле Димитриевски: Се беше договорено со Барселона, остана само уште потписот…