Столе Димитриевски, херојот на Рајо Ваљекано, голманот кој во двата меча сезонава во вкупно 200 минути не прими гол против една Барселона, во мега – интервју за српски „Моцартспорт“ потврди дека во зимскиот преоден рок бил пред трансфер на “Камп Ноу“.
„Да, имаше разговори и преговори. Се беше готово, јас ги прифатив условите на Барса,имаше договор, остана само уште потписот. А до него не дојде само поради фактот дека вториот голман Нето не сакаше да си замине од клубот. Сепак сметам дека е време да направам исчекор во својата кариера. Јас имам договор со Рајо до 2024 година,но пресреќен сум што такви клубови како Барса се интересираат за мене“ посочува нашиот голман.
Инаку тој покрај другото во интервјуто се потсети и на баражите за пласман на СП во Катар од аспект на нашата репрезентација…
„Точно е тоа дека по последните успеси ние станавме херои на нацијата. Од друга страна меѓу нас владееше големо разочарување што не успеавме да ја победиме Португалија. Сепак треба да се биде реален, добивме убедливо најтеша група, а во неа Италија и Португалија. Сепак оваа генерација е на вистински пат кон нови успеси“истакна Димитриевски.