Каков спектакуларен меч во рамките на 32.коло во Бундеслигата меѓу Дортмунд и Бохум кој на крајот заврши со триумф на гостите од 3:4. Интересно Ерлинг Халанд постигна хет – трик, но ни тоа не беше доволно за реми а камо ли за победа.
Бохум поведе со 0:2 веќе во 8.минута, но тогаш на сцена стапи супер – Ерлинг со три гола во серија, во 18., 30. и 62. за водство на Дортмунд од 3:2, од кои првите два беа од белата точка. Сепак тоа не беше се од Бохум, со головите на Локадиа и Пантовиќ во 80. и 85.минута гостите победија.
На останатите мечеви Келн како гостин го совлада Аугсбург со 1:4. Мајнц со 3:1 го победи Баерн Минхен и направи големо изненадување.
Билефелд и Херта одиграа без победник 1:1, исто како и Штутгард и Волфсбург.