Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Лидс Ј. на гостувањето на „Еланд Роуд“ во натпреварот од 35. коло од Премиершип со 4:0 и се вратија на челното место на табелата во Премиерлигата.
Манчестер Сити повторно е лидер, откако само неколку часа претходно Ливерпул со триумфот над Њукасл го презема првото место. Лидс немаше апсолутно никакви шанси против „машината“ на Гвардиола, па на крајот овие 4:0 се и добар резултат за домашните, кои можеа да постигнат најмалку уште два погодока.
Одбраната на Лидс капитулираше по само 13 минути кога Родри постигна гол за 1-0, што беше резултат и на крајот на првото полувреме.
Во продолжението од натпреварот Аке, Габриел Жесус и Фернандињо постигнаа по еден гол и им донесоа убедлива победа на „граѓаните“ пред реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.