Атлетико Мадрид си создаде огромни проблеми сезонава, откако синоќа на гостувањето кај Атлетик Билбао загуби со 2:0. Сега, целата ситуација за избраниците на Чоло Симеоне се комплизира затоа што „виси“ пласманот во Лигата на Шампионите, а тоа секако дека е голем проблем.
„Почетокот на натпреварот беше тежок за нас. Бевме напнати во првите 10-15 минути, но потоа почнавме да ја поправаме нашата игра. Создадовме ситуации за гол, но примивме погодок, и тос втор, токму од пенал, што не извади од колосек. Добро трениравме неделава, но во некои сегменти беше очигледно дека ни фали свежина и упорност. Мора да поминеме низ оваа тешка ситуација. Денеска едноставно не можевме да победиме, без разлика на вложените напори“, прокоментира Симеоне.