Светот тагува по смртта на еден од најдобрите фудбалски агенти на сите времиња Мино Раиола. Тој почина вчера во болницата во Милано, каде што се лекуваше подолго време и каде што заедно со семејството ги помина последните денови.
Сиот фудбалски свет жали по Раиола, особено неговите клиенти, кои во голема мера му ја должат нивната богата кариера, и милионите на нивните банковни конта.
Еден од оние кои од Раиола очекуваше мултимилионски трансфер, а и покрај смртта на Раиола, секако дека ќе го добие, е звездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. Тој синоќа објави заедничка фотографија со Раиола опишувајќи ја со само еден збор….„Најдобар“….
View this post on Instagram