На 81 година почина Ивица Осим. Фудбалската легенда фудбалот во БиХ, еден од најпознатите фудбалери и тренери на овие простори. Беше и селектор на екс – СФРЈ на СП во Италија во 1990 каде нашата репрезентација стигна до 1/4 финалето каде беше поразена од Аргентина на Марадона и тоа на пенали.
Осим е фудбалска икона на Железничар, беше икона на фудбалско Сараево.
Стратег, педагог и пред се голем господин.
Во последните години тој беше и еден од челните луѓе во фудбалот во БиХ.
Беше тренер и на страшната генерација на Жељо во средината на 80-тите години на минатиот век, која играше во полуфиналето на Купот на УЕФА.