Ришарлисон го “урна“ Челзи, Тотенхем го “торпедираше“ Лестер! (ВИДЕО)

123

Евертон со 1:0 успеа да го победи Челзи, и со тоа да освои гоелми три бода во битката за опстанок. Тимот од Лондон на “Гудисон“ и денеска не беше на своето, ниво, но сепак имаше шанси. Но затоа тука беше Пикфорд да одбрани неколку удари на гостите.

Победничкиот гол за Евертон беше дело на Ришарлисон во 47.минута, сосема доволно за триумф и три бода за Евертон.

Тотенхем со 3:1 успеа да го совлада Лестер. Два гола беа дело на феноменалниот Сон, додека резултатот го откри Хари Кејн. Лестер дури во 90+1.минута успеа да го ублажи поразот.

Со овие три бода „спарси“ се приклучија во битката за пласман во Лигата на Шампионите.

ПретходноЛеао за “експлозија“ на „Сан Сиро“: Милан ја победи Фиорентина и е се поблиску до титулата! (ВИДЕО)
СледноДобра вест за фановите на Вардар: Дибиров и Стоилов во составот за најважниот дуел!