Жешко прво полувреме во Битола: Е.Пелистер – Вардар 11-11

187

Првиот дел од жешката битка за титула меѓу Е.Пелистер и Вардар 1961 во Битола е 11-11.  Трибините се преполни, атмосферата е одлична, во салата „Боро Чурелвски“ нема каде да падне игла, на едната страна грмат „Комити“, на другата страна „Чкембарите“…сите имаат еден сон – титула.

Во составот на актуелниот првак се вратија Дибиров и Тото, но го нема Гаџа, во составот на домаќинот не се најде Периќ.

Очекувано, ова ќе биде неизвесна битка до самиот крај, за тоа говорат малиот број на голови. Маркоски го отвори мечот со 1-0, Талески и Дибиров зголемија на 1-2. А Секељи му помогна на својот тим да дојде до водство од 4-3 во деветата минута. По последните 6-5, Вардар со серија од 4-0 дојде на плус три (6-9) во 20. минута. Во овој период домаќинот имаше шест технички грешки.

Томовски ја запиша првата интервенција. Моралес, Дибиров и Георгиевски зголемија на на плус три (7-10). Мандалиниќ го прекина налетот на гостите, на другата страна актуелниот првак не искористи напад за плсу четири и влезе во поентерска криза. Е.Пелистер влезе во ритам 10-10 во 26. минута. Додиќ го прекина налетот на кратко, на другата страна битолчани преку Обрадовиќ веднаш израмнија на 11-11.

Секељи имаше шест одбрани, Томовски четири. Дибиров, Талески и Моралес имаат по три гола, на другата страна Мандалиниќ, Маркоски, Танкоски и Обрадовиќ имаат по два гола.

ПретходноБутел Скопје сигурен против Охрид
СледноМЗТ Скопје го размонтира Гостивар