Столе и Рајо освоија бод против Сосиедад (видео)

104

Македонскиот голман Столе Димитриевски повторно беше на голот на Рајо Ваљекано кој одигра 1:1 против Реал Сосиедад во 34. коло на шпанската Ла Лига. Столе прими гол по шут од далечина на Александар Сорлот после одлично изработена акција на фудбалерите на Сосиедад.
Но изедначувањето стигна во 78. минута кога ветеранот Радамел Фалкао се најде на вистинското место и една одбиена топка ја смести во голот.
Ова е осмо реми на Рајо сезонава и ја држи 11. позиција на табелата, а Сосиедад е на 6. место со 56 бода, 15 победи, 11 нерешени и 8 порази.

ПретходноСонот не се исполни: Вардар со шампионски јуриш низ Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноПендреци за „Комитите“ (видео)