Влезе „клизачи“ за да освои топка, а постигна гол од пола терен (видео)

2174

Болтон играше против Флитвуд во Третата англиска лига, а нивниот играч Дион Чарлс го постигна еден од најлудите голови во европскиот фудбал оваа сезона. Напаѓачот ја затресе мрежата на противникот од пола терен и тоа без намера. Дион направи клизачи за да освои топка за својот тим, а тоа на крајот излезе удар кон противничкиот гол.

Со оглед на тоа дека противничкиот голман беше излезен напред немаше време да реагира и да спречи погодок. И тој беше изненаден од ударот.

Претходно„Гореше Јане Сандански“: „Комити“ и Вардарци лудо славеа (ФОТО)
СледноМангупски потег на Стојанче Стоилов во Битола (ФОТО)