Два клуба од Ла Лига не му ја честитаа титулата на Реал Мадрид

657

Реал Мадрид во саботата го освои 35. шампионски пехар во Шпанија. Фудбалерите на Карло Анчелоти доминираа цела сезона во Ла Лига, на крајот заслужено се искачија на тронот. Ова ќе биде дополнителен мотив пред реванш мечот со Манчестер Сити во Лигата на шампиони на кои беа поразени со 4-3.

Марка одново дел од времето го мина во истражување на детали. Па, откри кој од тимовите во Ла Лига не им ја честитал титулата на Реал Мадрид јавно. Атлетико Мадрид и Осасуна се единствените тимови кои тоа не го сторија јавно.

Овој медиум во својот текст потенцира дека Атлетико Мадрид не му честитал на Бетис за освојување на Купот на Кралот. Барселона беше еден од првите тимови кои испрати честитки до најголемиот ривал.

„Барселона му честита на Реал за освојување на 35. титула“, стоеше на Твитер профилот.

ПретходноГоце Георгиевски откри каков договор имале пред мечот во Битола
СледноТухел: Кога играме солидно секогаш губиме