Супер вест од Болоња, од Италија. Здравствената состојба на Синиша Михајловиќ е подобрена и тој е пуштен од болница. Наредните денови ќе се лекува во домашни услови, а наскоро ќе може да ја предводи и екипата на Болоња.
Значи Михајловиќ – Леукемија 2:0 е резултатот од двојната победа на српскиот тренер против злокобната болест. Да се надеваме дека оваа битка е готова и дека нема потреба славниот Синиша уште еднаш, по третпат ја води оваа битка со Леукемијата.
Оваа вест ја потврдија и од самиот клуб со назнака дека тој е добар и дека сите во Болоња се својот Мистер.