Аталанта спаси бод против Салернитана со гол во финишот (видео)

135

Екипата на Аталанта не успеа да ги собере бодовите против Салернитана во последниот меч од 35. коло на Серија А. Екипата на Бергамо на домашен терен одигра 1:1 против Венеција, но на крајот мора да е задоволна и со бод со оглед на тоа дека изедначувачкиот гол го постигна во 88. минута.

Салернитана која одамна беше отпишана, во последните неколку кола игра одлично и има големи шанси да избори опстанок. Вечерва имаше победа во џеб и бегство од опасната зона затоа што водеше со голот на Лоуренцо од 27. минута, меѓутоа работата им ја расипа Марко Пашалиќ.

Аталанта има 56. бода и е на осмото место, но е блиску до местата кои водат во Европа. Салернитана е на 18. позиција со 26 бода, два помалку од Каљари кој е во сигурни води.

ПретходноАјнтрахт и Лајпциг поразени – со мислите се во полуфиналето на ЛЕ (видео)
СледноKoнечно вистинскиот Јунајтед – му сервираше три „парчиња“ на Брентфорд (видео)