Koнечно вистинскиот Јунајтед – му сервираше три „парчиња“ на Брентфорд (видео)

160

Манчестер Јунајтед ја прекина серијата од три меча без победа. Вечерва на „Олд Трафорд“ славеше со 3:0 против Брентфорд во 35. коло на Премиер лигата. По подолго време го видовме вистинскиот Јунајтед, расположен, ефикасен и желен за победа.
Бруно Фернандеш во 9. минута го отвори резултатот со својот 50-ти погодок за „Црвените ѓаволи“. Во 44 минута голот на Кристијано Роналдо беше поништен поради офсајд. Но во 61. минута Роналдо погоди од пенал и зголеми на 2:0, а во 72. минута дефанзивецот Рафаел Варан ги постави конечните 3:0.

Со оваа победа Јунајтед се зацврсти на 6. позиција на табелата со три бода помалку од Тотенхем кој е едно место погоре, а пет помалку од четвртиот Арсенал кој го држи последното место во ЛШ.
Но Јунајтед има одиграно 36. натпревари, додека Арсенал и Тотенхем 34.

ГОЛОТ НА РОНАЛДО ОВДЕ

ГОЛОТ НА ВАРАН ОВДЕ

ПретходноАталанта спаси бод против Салернитана со гол во финишот (видео)
СледноО’Саливен по седми пат е светски шампион во снукер