Симеоне добива нов 2-годишен договор од Атлетико (М)

227

Раководството на Атлетико Мадрид е подготвено да му понуди ново двегодишно продолжување на договорот на 51-годишниот аргентински стратег, Диего Симеоне.

Диего е на чело на Атлетико од 2011 година, а оваа година беше навистина посебна за него, затоа што на „јорганџиите“ успеа да им ја донесе 11-тата титула во Ла Лига.

Актуелниот договор на Симеоне со мадридскиот клуб е со важност до крајот на сезоната 2021/2022. Со оглед на интересот кој владее за него, раководството на клубот ќе се обиде да ја продолжи соработката пред почетокот на новата сезона.

ПретходноФеникс го елиминираше шампионот, Јокиќ го однесе Денвер во следната рунда (ВИДЕО)
СледноМеси ја откри 5-метарската статуа на Марадона во Аргентина (ФОТО+ВИДЕО)