Игњатов: Не се сомневам дека Работнички со Борец ќе биде вистинскиот!

159

На три кола до крајот на тековната сезона во ПМФЛ, Работнички се најде во ситуација да стравува и за опстанокот,односно да се најде на она место кое води во баражот за опстанок. Имено тимот од Градски парк има предност од само шест бодови пред Тиквеш, кој е на местото кое води во баражот за опстанок. Токму затоа денешниот меч, во рамките на 31.коло, со Борец, кој е закажан за во 17 часот на Арената “Тодор Проески“, е екстра значаен за составот на Стојан Игњатов – Тинте кој за „Спортмедиа“ истакна…

“Нема дилеми дека овој меч е многу, многу значаен за нас, за Работнички. Сите ние знаеме шо треба да направиме. Потребна е победа, потребни се бодовите. Верувам во овој тим, не се сомневам дека Работнички со Борец ќе биде вистинскиот, дека ќе го одигра најдобро што може во моментов. Ние го респектираме Борец, сепак одиме по трите бода“изјави Тинте.

ПретходноКлоп: Им кажав на момците дека треба да бидиме ментални чудовишта
СледноСалах: Морам да бидам искрен, го сакам Реал во финалето!