Доцна попаднево од 17 часот во Струга, во меч од 31.коло домашната екипа на Струга Трим Лум ја дочекува Брегалница. Штипските “сини“ откако славеа со Шкупи секако дека се во „облаци“, но на голот на стружани е Давор Талески, некогашниот чувар на мрежата на “сините“ кој секако дека многу добро знае со кого денеска неговиот тим ќе ги одмери силите.
„Како и на секој натпревар, така и на денешниот против Брегалница, ќе играме на победа и на освојување на нови три бода. Да, Брегалница го победи шампионот Шкупи, но кога играме на домашен терен тогаш секако дека ние се прашуваме. Мислам дека опстанокот никогаш не сме го ставиле под знак прашалник, но секако дека посакуваме со нови три бода и математички да го осигураме“ потенцираше Давор Талески, голманот на Струга Трим Лум.