Јагањац се расплака по чудесната партија во Данска (ВИДЕО)

640

Нексе, Магдебург, Бенфика и Висла Плоск се екипите кои ги чекираа своите билет на Ф’ во Европската лига.

Нексе во реванш мечот против ГОГ успеа да ја одбрани позитивата од првиот меч, одигра 27-27 на гостински терен. За овој тим е голем успех, тие се најубавата европска приказна оваа сезона.

До големиот успех ги предводеше Халил Јагањац, кој постигна 12 голови. По мечот хрватскиот ракометар заплака:

„Еве повторно ќе се расплачам. Не ми е важен резултат, знам дека се пласиравме. Нексе е на фајнчпфот, тука се почнува и завршува. Треба да уживаме, се надевам дека тренерот ќе не пушти да прославиме до полноќ“, се зборовите на Јагањац.

ПретходноМемфис ги победи и ги испотеа Вориорс: Еден играч во болница, другиот на шиење (ВИДЕО)
СледноКлоп: Им кажав на момците дека треба да бидиме ментални чудовишта