Антонио Касано, некогашниот италијански ас, член на репрезентацијата, но и на повеќе големи европски клубови, познат е по својот “долг јазик“ што се вели.Тој не штеди никого, постојано критикува, па затоа и е омилен кај медиумите. Секогаш има што да каже, овојпат „удри“ по Макс Алегри, тренерот на Јувентус.
“Велат дека не можат да му дадат отказ зошто заработувал по 10 милиони евра по сезона, па токму поради тоа мора под итно да му се даде отказ. Во јануари потроши 100 милиони евра а ќе заврши како четврти во Серија А. Јуве под водство на Алегри не знае да игра квалитетен фудбал, затоа им се потребни 4-5 квалитетни засилувања. Кога беше во Милан, целата работа му ја вршеше неговиот помошник Тасоти. Тоа имам да кажам за Алегри“ констатираше Касано.