Доби орден за заслуги и најави дека заминува во пензија

156

Менаџерот на Ватфорд, Рој Хоџсон, најави дека по завршувањето на оваа сезона ќе и стави крај на тренерската кариера. 74-годишниот стратег има договор до лето и нема намера да остане во клубот, но ниту да замине во нов клуб.

Ватфорд речиси и да нема шанса за опстанок, бидејќи треба да ги добијат сите натпревари до крај и да се надеваат дека ќе загубат Лидс и Барнли. Хоџсон веќе најави дека планира да ја заврши кариерата која започна во 1979 година.

Денеска на Хоџсон му беше доделена титулата „Командант на Редот на Британската империја“ за неговите заслуги во фудбалот. Тој го доби својот медал од војводата од Кембриџ, принцот Вилијам, на церемонија во Бакингемската палата.

„Јасно е дека ова беше краткорочен договор. Управниот одбор на Ватфорд го знаеше тоа. Се вратив за да ја преземам оваа конкретна работа. Сега е готово. Уживав. Мислам дека повеќе не би бил дел од фудбалскиот свет во Премиер лигата. Мислам дека го заслужувам правото да се пензионирам, да уживам во повеќе слободно време и да бидам повеќе со сопругата и синот“, рекол Хоџсон.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Без голови во Мадрид, Куртоа го држи Реал во живот (ВИДЕО)
СледноМихајлоски и Митревски го „средија“ и Еуро Никел