Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и екипата на Хувентуд се изборија за „мајсторка“ во четвртфиналната рунда во шпанското превнство, откако на домашен терен славеа со 72:63.
Ненад Димитријевиќ одигра уште еден извонреден натпревар, иако се повреди пред крајот на првото полувреме. Затоа на теренот помина само 16. минути, но и покрај тоа беше трет стрелец во својот тим со десет поени.
Одлучувачкиот натпревар од оваа серија се игра в сабота на теренот на Барселона.