Ненад Димитријевиќ и неговата Валенсија загубија во второто полуфинале од завршницата на Еврокупот и не успеаја да влезат во последниот меч до титулата во ова натпреварување. Во пресметката со Виртус Болоња, Валенсија беше поразена со 73-83.
Димитријевиќ одигра десетина минути на мечот за кои успеа да реализира 6 поени. Во финалето во Еврокупот, италијанскиот тим го очекува пресметка со Бурсаспор.