КОМЕНТАР НА 31.КОЛО: Фантастични голови, пенали во серија…нова лекција за Шкендија

304

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Вчера се одигра 31.коло во ПМФЛ. И навистина имаше што да се види, посебно во поглед на головите. А дел од нив, поточно четири беа во најмала рака фантастични. Оној на Куевен од Шкупи на скопското дерби со Македонија ЃП, потоа оној лоб на Ѓорѓевиќ од Борец на Арената, како голот на Селмани од Ренова во Кавадарци, но најспектакуларен беше голот на Јанакиевски од Скопје на мечот со Пелистер. Веројатно тоа беше голот на цела тековна сезона.

Исто така судиите си имаа “свој“ ден во поглед на покажувањето на белата точка.

Имаше пенали во серија што би се рекло, во Струмица каде играа А. Пандев и Шкендија дури три, имаше и на Арената, како и на Чаир кога Адем во 98 минута ги спаси „лавовите“ од пораз.

Продолжува битката за Европа. А. Пандев, Шкендија и Македонија ЃП во последните две кола ќе одлучат која екипа ќе има европско лето, а може и сите три, ако Македонија ЃП успее да го освои Купот на Македонија.

Затоа со нетрпение ги чекаме последните две кола од овој шампионат.

Другото се знае. Шкупи е шампион од пред две кола, испаднаа Пелистер и Борец, додека Тиквеш и Скопје ќе играат бараж.

Сепак белег на колото е начинот на кој Шкендија, која до пред десетина дена го носеше епитетот – шампион на Македонија, успеа да го загуби дуелот, дербито во Струмица од Академија Пандев.

Тоа беше уште една лекција за тетовскиот тим. И сега дури им виси и настапот во Европа. Ете до каде дојде Шкендија која до пред извесно време просто доминираше во мак – фудбалот.

Пандевци“ не само што ја победија со 4:2 туку играчки ја декласираа.

Не е јасно зошто на овој меч, како и на минатиот, во записникот го немаше Ферхан Буба Хасани. Не беше пријавен дека е повреден, немаше ни картони.

Навистина чудно…

ПретходноОвој човек е СУПЕРМЕН: Михајловиќ од денеска на тренинзи со Болоња!
СледноСудиска анализа: Без судиски грешки на вчерашните мечеви во ПМФЛ