Едисон Кавани е на излезна врата од Манчестер Јунајтед. Уругваецот е далеку од првиот тим, и веќе се збогува со навивачите, и со колегите од соблекувалната што се вели.
Тој за „ESPN“ изјави дека направил грешка што не си заминал уште минатото лето кога Кристијано Роналдо пристигна на Олд Трафорд по втор пат во својата кариера.
„Кога ја дознав информацијата дека со сигурност Роналдо се враќа на Олд Трафорд, морав да направам еден телефонски повик. А тоа е да го побарам мојот брат, кој ми е менаџер и да почнеме да бараме нов клуб за мене. Еднставно денешниот фудбал е таков, и мора да се прилагодиш на околностите“ – изјави Кавани.
Тој најверојатно се враќа во Јужна Америка за да ја заврши кариерата, а многу од тамошните великани се заинтересирани за неговите услуги.