Овребо конечно призна: Го „осакатив“ Челзи против Барселона (ВИДЕО)

605

Том Хенинг Овребо, некогашниот меѓународен фудбалски судија од Норвешка, ќе биде запаметен како творец на веројатно најголемата судиска кражба во историјата на Лигата на Шампионите.

На денешен ден, пред 13 години се играше полуфиналето од Лигата на Шампионите помеѓу Челзи и  Барселона. Лондончани имаа блага предност од првиот дуел, затоа што истиот заврши 0:0, тогаш сеуште важеже голот во гости, но сепак, светот веќе го виде Челзи во финалето пред ревашнот на Стемфорд Бриџ.

Домаќинот рано и постигна гол, но потоа се случи еден невиден судиски „масакр“ во режија на Овребо, кој не досуди три чиси пенали за домаќинот, со што Челзи ќе имаше недостижна предност. Наместо тоа, норвежанецот, ја остави Барселона во резултатска игра, со минимална негатива, а се случи тоа што најмалку домашните посакуваа. Анрес Иниеста во последните секунди од мечот погоди за 1:1, и елиминација на Челзи.

„Сигурен сум дека крајот на мечот за нас судиите ќе беше далеку полесен ако Иниеста не погодеше. Целиот свет ќе кажеше, нема врска што пеналите не беа досудени, Челзи оди во финале, но вака, целиот свет виде дека не беа досудени два, три пенали за домаќинот“ – изјави Овербо па додаде.

„Да имаше тогаш ВАР секако дека немаше исходот на мечот да биде онаков каков што беше, но и јас лично немојте да мислите дека од денешен аспект, одам насекаде и се гордеам со тој мој настап вечерта“ – рече норвежанецот кој одамна повеќе не е активен односно од 2013 година е вработен како психолог во една локална школа за спортска наука.

 

ПретходноСекељи и се извини на Битола
СледноПознати сатниците: Македонија на ЕП во ракомет во групата во Скопје ќе игра само од 18 часот!