Новак Ѓоковиќ без проблеми успеа со 2:0 во сетови, во меч од 1/4 финалето на АТП во Мадрид, да го победи Хуберт Хуркач од Полска и да се пласира во следната фаза на овој силен турнир.
Србинот таму ќе го чека дуел со еден шпански тенисер, попладнево ќе се знае дали тоа ќе биде Надал или Алкараз, кои допрва ќе ги одмерат силите во нивниот 1/4 финален меч.
Новак со Хуркач во текот на целиот меч ја диктираше играта, првиот сет го доби со 6:3 во гемови, а вториот со 6:4.