Холандија има нов заменик-селектор – Едгар Давидс

243

Поранешниот играч од средниот ред на холандската фудбалска репрезентација, Едгар Давидс, ќе му се придружи на Луис Ван Гал како помошник тренер на клупата на „лалињата“.

По долги години настапи на теренот на највисоко ниво и со престижни тимови, Едгард Дејвидс го започнува своето патување од другата страна на теренот. Поранешниот играч од средниот ред на Јувентус всушност ќе биде нов заменик селектор на холандската репрезентација на местото на Хенк Фрејзер.

Веста ја потврди Фудбалскиот сојуз на Холандија, кој најави вклучување на Давидс во составот на селекцијата на портокаловите.

ПретходноБарса не го сака Луис Суарез назад, Уругваецот размислува за МЛС
СледноМендеш го носи Бернардо Силва во Барселона, мамката за Пеп ќе биде Френки де Јонг