Сега веќе екс – шампионот на Франција, тимот на Лил, има разочарувачка сезона, и по 36. кола е на десеттата позиција. Уште поголемо разочарување е присатно по вчерашниот пораз од Монако со 2:1, на кој што меч навивачите на Лил на генијален начин најдоа да пренесат како се чувствуваат во моментов.
Со пораката „Вие сте на одмор? И ние…“ дел од нив на стадион пристигнаа во опрема за плажа, и почнаа да играат одбојка, алудирајќи дека тимот е веќе на одмор, па и тие решија малку да се „олабават“….. Генијално….
Some of the ultras from the French side Lille OSC taking a ‘holiday’ during the match because of the poor results and lack of motivation of the team ☀️😂 pic.twitter.com/FjEAeuoxxd
— Casual Ultra (@thecasualultra) May 7, 2022