Наполи го победи Торино, за Елмас само 15-тина минути! (ВИДЕО)

62

Во меч од 36.коло во Серија А, попладнево во Торино екипата на Наполи со 0:1 успеа да го победи истоимениот домашен клуб. Решавачки момент на оваа средба беше голот на Фабиан Руиз во 73.минута. Претходно, во 60.минута Инсиње не искористи пенал, тоа беше негов четврти промашен пенал сезонава.

Елиф Елмас и на оваа средба влезе од клупата, и тоа во 77.минута, место Инсиње, но немаше време да покаже којзнае што на гостувањето кај Торино. Сепак за него и неговите клупски колеги навјажно е што Наполи успеа да ги освои трите бода.

ПретходноМихајловски со замерки, РФМ го потсети за кредитот од 400.000 евра земен на три месеци пред да замине!
СледноAспиликуета официјално во Барселона за 13.7 милиони евра по сезона