Вулфси во 97.минута го „расплакаа“ Челзи, бадијала двата гола на Лукаку! (ВИДЕО)

192

Челзи својата нова ера, со новиот сопственик, ја започна со реми, испуштајќи победа во 97.минута. „Сините“ од Лондон попладнево во меч од 36.коло во Премиер – лигата водеа со 2:0, и тоа со головите на Лукаку во 56. и 58.минута, но Вулфси со головите на Тринкао во 79. и Коади во 90+7.минута успеаја сепак да дојдат заслужено до реми, имаа тие шанси и за нешто повеќе, но сепак на крајот резултатот гласеше 2:2.

Брентфорд дома, со 3:0 успеа да го победи составот на Саутемптон, и тоа со головите на Јансон, Виса и Ајер.

Барнли дома беше поразен од Астон Вила со 1:3. Гостите водеа и со 0:3, со головите на Ингс, Буендиа и Воткинс, додека Корнет во судиското продолжение го ублажи поразот.

Кристал Палас со голот на Заха успеа да го победи Ватфорд.

ПретходноДиего Симеоне: Реал нема да види „шпалир“ од нас!
СледноНавивачите на Лил: Вие сте на одмор? И ние….. (ВИДЕО)