Порто по 30-ти пат е шампион на Португалија

106

Порто стана шампион на Португалија по јубилеен 30-ти пат. Екипата од „Драгао“ требаше да освои само бод на гостувањето кај Бенфика, но успеа да слави победа со 1:0 со гол на Сануси во финишот со што ја осигура шампионската титула и го симна Спортинг Лисабон од тронот кој беше првак минатата сезона.
Бенфика ќе заврши на третото место со дури 17 поени помалку од првакот Порто. Спортинг е втор на табелата независно од исходите на другите натпревари.
Порто до сега дозволи само еден пораз, 0:1 од Брага. Тимот на Сержо Консеисао постигна дури 84 гола и беше најстабилен во двобоите со Бенфика и Спортинг. „Змејовите“ ќе го добијат трофејот идната недела против Есторил.
А потоа Порто ќе атакува на двојна титула затоа што игра финале во Купот против Тондела.

ПретходноСупер волеј на Алба во 94. минута за победа на Барса над Бетис (видео)
СледноФерари најбрзи во квалификациите во Мајами