Вардар 1961 го суреди и вториот тим на Е.Пелистер!

215

Вардар 1961 е на два чекори до пехарот број 15 во својата историја. Актуелниот македонски првак максимално ја оправда улогата на фаворит против Е.Пелистер 2, на домашен терен славеше со убедливи 34-23 во последниот меч од осмото коло во Супер-лигата.

Дибиров и Талески со шест гола, два гола помалку имаше Џикиќ. На другата страна Димитриоски имаше седум гола.

Оваа средба беше решена по само едно полувреме, „црвено-црните“ го завршија со предност од 17-9. Дуелот го отворија со 9-3, на другата страба гостите едноставно беа немоќни.

Вториот дел беше само чиста формалност, Вардар за брзо време дојде на двоцифрени 25-14, потоа без проблем го приведоа дуелот во нивна корист.

Во следното коло „црвено-црните“ им гостуваат на Бутел Скопје, додека во последното е домаќин на Тиквеш.

ПретходноФостер за испаѓањето на Ватфорд: Дел од играчите не даваа максимум
СледноАталанта ја победи Специја и остана во трка за место во Лигата на Европа (ВИДЕО)