Јувентус му ги кажал условите на Погба ако сака да се врати во Торино

324

Јувентус започна преговори со Пол Погба за враќање на играчот од средниот ред во Торино ова лето. 29-годишниот фудбалер сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед откако реши да не потпише нов договор со англискиот клуб.

Италијаските медиуми открија дека Винченцо Раиола, братучед на починатиот суперагент Мино, е човекот кој сега го застапува Погба, и тој веќе се сретнал со преставниците на Јувентус оваа недела. Јуве подготвени го дочекале во канцелариите на клубот и веднаш му ја соопштиле нивната прва, а се чини и единствена понуда за Погба.

„Старата дама“ на играчот од средниот ред му нуди 220.000 евра неделно со бонуси. Ова е истата понуда која првично била упатена до Пауло Дибала пред Аргентинецот да ја одбие.

ПретходноСтоле остана со нова „празна мрежа“, Рајо ремизираше кај Хетафе
СледноПЛ: Арсенал со победа за ЛШ, Евертон триумфираше за опстанок (ВИДЕО)