Веселин Вујовиќ по завршување на сезоната, остануваат уште два меча, целосно ја превзема улогата ба главен тренер во Вардар 1961. Составот веќе му е добро познат, а веќе има и план за стручниот штаб.
Вујо сака да остане Стевче Алушовски, тоа го откри на прес-конференцијата.
„Сакам Стевче Алушовски да остане, но ако мисли дека не е добро да биде на таа позиција тогаш целосно ќе го разберам. Не знам кои се неговите планови, дали веќе има планови. Сигурно останува Недановски, она што мора да се направи е да се донесе тренер на голманите, без тоа еден тим не може да функционира“, изјави Вујо.