Англиски клуб ослободи од 13 играчи oдеднаш

332

Англискиот Престон Норт Енд презеде радикални мерки по завршување на сезоната во Чемпионшип. Клубот ослободи дури 13 фудбалери откако заврши на 13-тата позиција на табелата во второто ниво на англискиот фудбал што е разочарување со оглед на високите амбиции во текот на минатото лето.

Меѓу играчите кои заминуваат е и големите ѕвезди Скот Синклер кој дојде на „Дипдејл“ во јануари 2020 година и одигра 85 натпревари за тимот, како и Том Баркхуизен кој има дури 209 натпревари за клубот. Другите се Пол Хантингтон, Изи Браун, Џо Раферти, Конор Рипли, Итан Вокер, Џек Бакстер, Џејми Томас, Џејкоб Холанд-Вилкинсон, Џо Родвел-Грант, Метју Хадсон, Оливер Ломбард.

Уште тројца се ставени на трансфер листа и клубот очекува да ги продаде во текот на летото: Џош Хароп, Метју Олосунд и Том Бејлис кои изминатата сезона играа како позајмени во други клубови.

Истовремено клубот објави дека бекот Бамбо Диаби ќе добие нов договор, а шестмина од младинскиот тим ќе бидат префрлени во А тимот и ќе добијат профи-договори.

ПретходноТројката со која Стеф Кари се запиша во историјата на НБА-лига (ВИДЕО)
СледноМароко и Халилхоџиќ доаѓаат во Скопје!?