0
Екипата на Фиорентина ја совлада Рома во последниот меч од 36. коло на Серија А. „Виолетовите“ славеа со 2:0 со головие на Нико Гонзалез од пенал и Бонавентура во првите 11 минути од мечот. До крајот остана тој резултат, па момците на Виченцо Италиано скокнаа на седмото место на табелата кое води во Лигата на конференции.
Рома е едно место пред нив со исто бодови (двете имаат по 59). И Аталанта која е на осмото место има исто бодови но послаба гол-разлика.
Освен тоа Фиорентина ја прекина серијата од три порази, а ова е 18-ти триумф сезонава. Рома го запиша 11-тиот пораз.
ГОЛОТ НА ГОНЗАЛЕЗ ОВДЕ
ГОЛОТ НА БОНАВЕНТУРА ОВДЕ