Проблем за Милан: Чекаат на титулата 11 години, а нема каде да ја слават!

6289

До крајот на сезоната во Серија А останаа уште две кола, во кои ќе гледаме неизвесна трка за титулата меѓу два тима.

Единствени кандидати за „Скудето“ се Милан и Интер, а пред одлучувачките 180 минути „росонерите“ имаат два бода предност пред вечниот ривал.

Еден од овие два тима ќе стане првак, но прашање е како ќе успее да ја прослави титулата.

Проблемите настанаа кога станало јасно дека на 22. мај на плоштадот „Дуомо“, Радио Италија ќе организира концерт, па прославата на пехарот на ова место отпаѓа.

Ништо нема да биде спорно ако пехарот го земе Интер, кој е домаќин на последната средба, но доколку истиот ми припадне на Милан, во тој случај можат да настанат проблеми од безбедносен тип. Навивачите на Интер по завршување на дуелот ќе мораат веднаш да го напуштат стадионот за да истиот биде ребрендиран и подготвен за славеше на титулата која Милан и неговите фанови ја чекаат 11 години.

Во слична ситуација се најде и Интер во 2008 година, на 18. мај го освои „Скудето“ на гости кај Парма, истиот ден Удинезе беше гостин на Милан. Веднаш по овој натпревар навивачите го напуштија стадионот за да му го препуштат на најголемиот ривал за прослава.

ПретходноБорусија за Халанд ќе добие помалку од очекувањата!
СледноСимеоне не сакаше да се ракува со Клоп, за Анчелоти ја промени „плочата“