Немања Матиќ по се изгледа дека следната сезона ќе биде дел од тимот на Јувентус. Искусниот, 33. годишен интернационалец од Србија го завршува долгогодишниот престој на Олд Трафорд, и го раскинува договорот со Јунајтед за да замине во друг клуб. Јувентус е тимот кој е во интензивни преговори со Матиќ и кој му има ветено 12 милиони евра за потпис, плус, 100.000 евра неделна плата.
Матиќ сеуште смета дека може да игра на највисоко ниво, и нема да замине во некоја егзотична фудбалска дестинација. Истото очигледно го мисли и Јувентус, па ќе го плата со сериозна сума. Матиќ мина на Олд Трафорд пет сезони откако пристигна од Челзи во 2017 година.