Барса има три опции за замена за Бускетс

278

Тимот на Барселона сериозно размислува летово да доведе замена за ветеранот Серхио Бускетс. Тој повеќе од една деценија е незаменлив во средниот ред на тимот од Ноу Камп, но годините го прават своето и Бускетс повеќе не е на нивото кое што некогаш беше.

Па така, логично е управата на клубот, на чело со тренерот Чави да бара адекватна замена за искусниот централен играч за врска.

Како што јавува денешниот број на каталонскиот „Спорт“, три имиња се наоѓаат на списокот на Барселона. Тоа е во прв ред, играчот на Вулверхемптон, Рубен Невеш, па следува Мартин Сумименди од Реал Сосиедад, за истиот да се заклучи со Аурелиан Чоуамени од Монако.

Сите тројца се релативно млади, 22., 23. години и на нив Барса планира да ја базира играта во средниот ред во периодот кој следува. Ќе видиме кој од овие тројца летово ќе се пресели на Ноу Камп и кој ќе треба да го замени еден од најдобрите на оваа позиција во светот во последната декада.

 

ПретходноШкендија на 100 километри од Тетово, постапка против тренерот на Осогово
СледноИзбран е тренерот на годината во НБА лигата