Кошаркарите на Партизан го победија Будуќност со 82:66 во Белград и поведоа со 1-0 во полуфиналната серија од АБА лигата (се игра до две победи).
Гостите тргнаа добро, но по водството од 10:4 застанаа. Со серија од 14:5 до првиот брејк, „црно-белите“ направија пресврт.
Во втората четвртина пресудна беше серијата 11:0 за домашните, а потоа во третиот дел Партизан умешно ја одржуваше разликата. До крајот на мечот гостите останаа без шанси за успех.
Вториот натпревар од полуфиналната серија на АБА лигата ќе се одигра на 15 мај во подгоричка „Морача“.