Ливерпул ќе купува 18-годишен бек од Абердин

89

Ливерпул е заинтересиран за ангажман на десниот бек Калвин Ремзи од шкотски Абердин. Ако трансферот се реализира, Абердин би можел да добие рекордна сума и да го урне клупскиот рекорд за висина на реализиран трансфер.

Според информациите, 18-годишниот фудбалер е во план да биде резерва за на Трент Александер-Арнолд.

„Скај Спортс“ во јануари објави дека Абердин веќе одбил една понуда за дефанзивецот, а таа била од Болоња. Италијанците сакале да го ангажираат Ремзи за 830 илјади фунти и со клаузула за задолжителен откуп на правата во висина од 3,3 милиони.

ПретходноМане донесе победа за Ливерпул на „Вила Парк“ (ВИДЕО)
СледноБарса победи, но го загуби Араухо (ВИДЕО)