Албански политичар го ограбил Бензема

449

Алфред Продани, високорангиран член на владата во Албанија, е уапсен во градот Лаци, од страна на полицијата, а по налог на Интерпол, поради потерница од Шпанија, која се базира врз обвинение за организиран криминал.

Поточно, верувале или не, Продани е осомничен дека бил дек од криминална банда, која вршела високо професионални грабежи, преку четириесет на број, а меѓу нив и грабеж во кој што мета бил напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема.

Грабежот се случил во на 27 фебруари 2019 за време на Ел Класико дуелот помеѓу Реал и Барселона, кога криминалците точно знаеле каде се наоѓа Бензема.

Оаа истрага траеше три години, и Продани тогаш ги отфрли обвинувањата со потсмев но очигледно дека се било вистина, и сега тој ќе се соочи со правдата. Наскоро ќе биде екстрадиран во Шпанија.

ПретходноМЗТ Скопје во Кавадарци по нови бодови за врвот, Еуро Никел во „тесно“
СледноВардар е финалист во младинскиот куп