Ноусаир Мазрауи, досегашниот играч на Ајакс, и репрезентативец на Мароко ќе стане член на тимот на Баерн Минхен.
Според информациите кои пристигнуваат веќе договорот е потпишан, Мазрауи ги поминал и лекарските прегледи во новиот клуб, а соработката наскоро ќе биде и официјално обелоденета.
Десниот бек во моментов е еден од најдобрите на својата позиција во Европа, има 23. години и забележа стотина настапи за првиот тим на Ајакс до сега. Доаѓа како новитет во тимот на Баерн кој полека но сигурно прави мини реконструкција на тимот.