И натаму се води “процесот“ меѓу УЕФА и Реал, Јуве и Барса за Суперлигата. Пред извесно време судот во Мадрид ја овласти УЕФА да ги санкционира тие три клуба кои се силни заговорници на создавање на нова Лига што би надвор од УЕФА. Но засега челниците на УЕФА немаат напревено ниту еден потег.
Александар Чеферин, првиот човек на УЕФА на ова прашање имаше свој коментар…
“На таа одлука тие три клуба вложија жалба, па така кога целиот процес и дефинитивно ќе заврши, тогаш ќе делуваме“посочи Словенецот.
На прашањето како е можно клуб како Реал Мадрид да биде исфрлен од ЛШ, Чеферин одговори…
“Секој клуб може да се казни. Не се во право. Правилата се исти за сите. Секако дека би можеле да исфрлиме Реал, Барса и Јуве од ЛШ за следната сезона, но за тоа како што е познато одлучува Дисциплинската комисија на УЕФА“.